Чоколадата го намалува нивото на холестерол!
Ново истражување покажало дека консумацијата на црна чоколада, со висок квалитет, може да им помогне на луѓето кои боледуваат од шеќерна болест да го одржат нивото на холестерол во граница на нормала.
Во истражувањето кое го спровел тим на професори од британскиот универзитет Хал учествувале 12 доброволци со дијагноза на шеќерна болест.
При тоа сите учесници во време од 16 седмици добивале темно чоколадо. Порталот Мој доктор пренесува дека сите учесници кои во текот на тој период добивале чоколада збогатена со полифеноли, хемиски состојки кои се наоѓаат во чоколадата со голема содржина на какао, имале значително подобри наоди на холестерол во крвта.
Кај нив, лекарите утврдиле дека не само што се намалиле вкупните вредности на холестеролот во крвта туку и нивото на таканаречениот добар холестерол се зголемил поради што се намалил ризикот за разни болести на срцето.
Професор Стив Аткин, водач на истражувањето, објаснил дека чоколадата со висока содржина на какао би требало да биде вклучена во исхраната на луѓето кои боледуваат од дијабетес тип 2, како составен дел на чувствителниот и умерен пристап на исхрана и начин на живеење.
Затоа на луѓето кои боледуваат од оваа хронична болест им биле дадени совети за здрава исхрана и физичка активност со што подолго ќе можат да го одржат психичкото и физичкото здравје.