Како да ги исчистите градите од никотин!
Рак на белите дробови е една од водечките болести со фатални последици по животот на луѓето. На болеста најмногу подлегнуваат пушачите. Лекарите на сите пушачи им препорачуваат едноставно да се одречат од таа ни малку добра навика.
Ако веќе пушите потрудете се барем да го намалите ризикот од заболување од рак. Постојат разни начини да ги исчистите градите од катранот и отровите и така го намалите ризикот од појава на инфекција. Некои производи и тоа како можат да ви помогнат малку да ги исчистите белите дробови. Запаметете дека дробовите не можат во целост да се исчистат но, барем во одредена мерка ќе можете да се ослободите од отровите.
Шеќерна пченка
Содржи бета криптоксантин за кои се смета дека ги штити дробовите од карцином бидејќи претставува силен антиоксиданс. Од друга страна имајте на ум дека поголем број од шеќерната пченка во продавниците е всушност ГМО па консумирајте ја исклучиво онаа за чие потекло сте сигурни.
Селен
Тој е навистина многу силен антиоксиданс кој може да се најде во различни видови на риба како туна, лосос или бакалар но и во јагнешко, јајца и житарки. Секако ви препорачуваме да ги преферирате јајцата и житарките а да ги избегнувате производите од животинско потекло.
Кромид
И белиот и црвениот кромид содржат состојки кои имаат антиканцерогено дејство. Кромидот помага во спречување на многу болести, меѓу кои е инфекцијата и ракот на белиот дроб. Интересно е дека и кај лицата кои веќе имаат карцином спречува раст на нови ќелии.
Портокали
Освен што наголемо се познати како извор на витамини, портокалите исто така содржат и криптоксатин кои превентивно делува против рак на дробовите.
Коприва
Ова растение е преполно со железо а многу е корисно за дезинфекција на белите дробови и борба против инфекциите.
Чај од борови иглички
Овој чај традиционално се користи за плакнење на устата и грлото но може да ви биде и добар сојузник во борбата против рак на белите дробови.