Бремените жени смеат да пијат само до два алкохолни пијалаци неделно!
Сигурни дози на алкохол во бременоста се 175 мл вино, 50 мл жестоки пијалаци или околу половина литар пиво неделно. Децата чии мајки во бременоста пијат умерено немаат последици, пишува BBC.
Алкохолот не треба да се забранува строго во бременоста бидејќи умереното уживање во него нема негативен ефект на развојот на бебето, покажала студијата на Универзитетот Лондон во која биле опфатени повеќе од 10.000 мајки, за време на бременоста.
-„Знаеме дека секојдневното конзумирање алкохол во бременоста може да има негативни последици врз здравјето на фетусот или да го загрози идниот развој на детето, но тоа никако нема да се случи ако количините се умерени количини“,изјавила коавторката на студијата,професорката Ивон Кели.
Според статистиката околу 57 отсто од бремените жени потполно се воздржува од алкохол додека 23 насто од нив повремено пијат по некој пијалак. Децата чии мајки умерено пиеле за време на бременоста подоцна не се разликуваат од своите врсници по интелигенцијата и не се изложени на проблеми во однесувањето, заклучиле истражувачите.
-„Не велиме дека алкохолот во бременоста е корисен туку сакаме да посочиме дека малите количини е докажано дека не се штетни“, додава портпаролот на британското Здружение за гинекологија, Патрик О`Бриен.