Чоколадни маски за лице!
Доколку мислите дека чоколадата служи само за да ги задоволите своите потреби за слатки работи, се лажете. Овој десерт може да се користи како маска за лице бидејќи кожата ја одржува здрава и сјајна.
Маските од чоколада се релативно нов хит во светот на убавината! Тие даваат одлични резултати, го подобруваат тенот а имаат и долготраен ефект. Чоколадата е добра за кожата бидејќи делува како антиоксиданс и го забавува стареењето. Нејзините својства и даваат сјај на кожата и ја поттикнуваат да создава колаген а покрај тоа ги отстранува флеките и акните.
Чоколадата исто така ја хидрира и омекнува кожата па така и го забавува создавањето на бори. Одговара на сите типови на кожа, ја релаксира и подмладува, што е многу корисно по напорната работа.
Маската од чоколада можете да ја направите и дома. Важно е прво да се исчисти лицето со средство за таа намена. Може да се искористи пилинг за лице во вид на кафеав шеќер и зрна од кафе. Таа смеса на лицето треба да стои десетина минути а после пилингот се нанесува паста од чоколада како крема за масирање.
Потоа лицето се чисти, се нанесува чоколадната маска која на лицето се остава да стои 20 минути.По маската најдобро е лицето да се измие со ладна вода.
Резултатите веројатно пријатно ќе ве изненадат.