Колку е здрава депилацијата?
Секоја жена која држи до својот изглед редовно оди на депилација или тоа го прави сама дома.
Меѓутоа, депилацијата и не е така здрава, бидејќи на интимните делови на телото може да предизвика разни инфекции.
Доколку jа депилирате бикини зоната може да се случи да се заразите со вирусот Molluscum contagiosum.
Тоа се вирусни брадавици со бел врв. Во главно се јавуваат на лицето и рацете но можат да се прошират и на останатите делови на телото или да се пренесат по пат на сексуален однос.
Овој вирус може да прерасне во болест на гениталните органи како последица на бактериска инфекција. Често се случува заболените да имаат проблем и со поткожни влакна.
Поради тоа водете сметка кога ја депилирате интимната зона.
Ако користете брич трудете се секогаш да употребувате нов. Aко zа депилација одите во козметички салон тогаш побарајте стерилизирани садови и восок што ќе биде наменет само за вас.