Неделата е најстресниот ден во седмицата!

Објавено на 15 мај, 2013 во 07:50

Неделата до неодамна беше ден за одмор и дружење со семејството и пријателите а денес е најстресен ден.

Брзото темпо на живеење кое го наметнува модерната цивилизација ја претвори неделата во најстресен ден во седмицата покажаа резултатите од испитување во Британија. Лекарите испитувале 2 000 луѓе.

Eдна третина од испитаниците одговориле дека токму во недела имаат најмногу работа а повеќе од половина неделата ја сметаат за ден кога можат да завршат се она што не можеле да го стигнат претходните денови.

Секако, на жените, најмногу време одзема перењето, пеглањето и чистењето а кога на тоа ќе се додадат нервозата поради недовршените работи и свеста дека повторно почнува работната недела, не е ни чудно што две третини од нив тврдат дека во недела освен што работат исто така  жалат по завршениот викенд.

Најмногу време во текот на денот, повеќе од три и пол часа, се резервирани за перење, пеглање и чистење. Подготовката на ручек одзема два часа а уште половина час и јадењето. Активностите и обврските со децата сигурно ќе одземат уште речиси два и пол часа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.