Осумте предности на пивото!
Пивото е многу популарен алкохолен пијалак. Многу луѓе велат дека пивото има многу здравствени предности. Тоа е добро за вадење на токсините и отстранување на камен во бубрегот. Но многумина ќе се изненадат дека пивото делува и на убавината. Пивото е добро за кожата и за косата.
Пивото ја хидратизира кожата
Ја хидратизира кожата од внатре. Древните Египќани купката од пиво ја користеле за хидратација на кожата.
Пивото е добар регенератор
Пивото е најдобриот природен регенератор за косата. Измијте ја косата со пиво после шампонирањето. Ќе добиете мека и сјајна коса.
Пивото ја прави кожата сјајна
Пивото помага да ги исфрлете токсините од кожата. После кога ќе излезат токсините од неа ќе можете да го видите природниот сјај на вашето лице.
Пивото ја прави кожата мека
Пивото ја омекнува кожата од внатре. Кога вашата кожа ќе може да дише и да има доволно влага во ена таа станува мека и нежна. Присуството на витаминот B помага во омекнување на кожата.
Пивото и дава волумен на косата
Миењето на косата со пиво прави таа да изгледа густа. Тоа е затоа што пивото го подобрува квалитетот на вашата коса и ја прави пополна.
Пивото во борба против акни
Пивото содржи антибактериски својства кои помагаат во борба против акните. Значи,додадете го пивото во маската за лице и ќе добиете чиста кожа без акни.
Пивото го одржува pH на кожата
Пивото ја одржува pH рамнотежата на вашата кожа. Ако pH вредноста на вашата кожа не е совршена тогаш тоа би можело да предизвика многу проблеми како што е сува и мрсна кожа.
Пивото го забавува стареењето
Пивото има антиоксиданси кои го забавуваат процесот на стареење. Тоа ни помага елегантно да старееме.
