Лек од овоштарникот: Црешите подобри од аспирин!
Црешите секако спаѓаат меѓу омиленото овошје кое со нетрпение го чекаме да ни замириса во пролет. Покрај тоа што се многу вкусни а единствена мана им е што сезоната многу кратко им трае.
Црешите со векови се меѓу народот познати како овошје на добар глас кое има многу лековити својства а неодамнешните истражувања тоа и го потврдија. Се тврди дека сме многу блиску до тој момент кога лекарите ќе ни ги препишуваат и како рецепт.
Црешите се многу богати со антиоксиданси а испитувањата покажале дека поволно влијаат на заштита од срцеви болести,здравјето на коските и ублажување на болки.
Се верува дека ова мирисно овошје може да ги ублажи болките и една шака од овие плодови има подобро дејство од еден аспирин.
Поради големата количина на бор,магнезиум и калциум тие се добар чувар на нашите коски а поради големиот удел на вода и малку калории помагаат при слабеење.
Покрај здравствените благодети на самиот плод и семката лековити својства содржат дури и дршките. Од нив можете да направите чај кој ќе ви помогне во излачување на урината и проблеми поврзани со камен на бубрегот. Едноставно ставете шака дршки во еден литар зовриена вода и оставете да вари две минути и оставете потоа да стои 15 минути. После тоа,чајот процедете го и пијте мали голтки преку целиот ден.
Во Јапонија цветот од цреша се смета за национален цвет а симболизира среќа. Поради тоа ,Јапонците илјадници години ја негуваат традицијата “оханами”,што значи “ гледање на цветот од црешата”, а цутењето на црешите за овој народ претставува многу голем настан.
