Појадок кој му штети на вашето срце!
Сигурно многупати сте слушнале дека појадокот е најважен оброк во текот на денот но еве и што би требало по секоја цена да го избегнувате наутро доколку сакате да го зачувате своето здравје.
Најлош појадок е оној кој го нема,бидејќи многу истражувања докажале дека лицата кои го прескокнуваат појадокот штетат на своето физичко и ментално здравје. Имаат помалку енергија и нервозни се, забораваат повеќе од оние кои појадувале,имаат поголеми шанси да станат дебели и имаат 21 отсто повеќе ризик да заболат од дијабетес.
Друг најлош појадок е верувале или не, високо калоричен сендвич.
Додека наутро брзаат на работа,сендвичот или некој пекарски производ се вообичаен појадок на многумина кои сметаат дека е подобро да појадуваат што било отколку ништо. За жал,најновите истражувања покажуваат колку високо калоричните сендвичи како појадок се лоши за нашето срце.
Еден обилен сендвич нема претерано д ави штети но ако ви прејде во навика да појадувате мрсен фаст фуд или високо калорични оброци вашите артерии тоа нема долго да го поднесуваат. Со нездравиот појадок можете себе си да си обезбедите сериозни проблеми кои ќе ве дочекаат во иднина. Здравиот избор на појадок ќе ја одржи вашата тежина под контрола,ќе се чувствувате подобро и ќе имате доволно енергија за го преживеете денот физички и ментално.
