Намирници за добро здравје!
Ако сакате да го детоксицирате организмот нема потреба да купувате „магични препарати“. Доволно е да одберете намирници кои се докажан по своите детоксицирачки својства. Ви ги претставуваме најдобрите природни намирници.
Авокадо
Точно дека авокадото на нашиот пазар е скапо и ретко се наоѓа, ама повремено купете само една овошка и додајте ја во некоја освежителна салата. Неговата цена ќе се исплати. Тој е полн со антиоксиданси и е еден од најважните „чистачи“ на организмот.
Боровинка
Освен што лекува уринарни инфекции, боровинката ги отстрануваат токсините од вашето тело. Го забрзува лачењето на урината и освен бактериите ги отстранува и токсините.
Зелка
Зелката е богата со сумпур, кој је важен чинител во разложувањето на хемикалиите во телото. Помага во ослободувањето од пестициди, остатоци од антибиотици и други лекови во организмот како и други штетни продукти кои се таложат во организмот.
Лимон
Оваа кисела овошка е преполна со витамини и антиоксиданси. Го штити дробот и ги отсранува многуте токсини.
Брокула
Ако не ја сакате брокулата, пробајте барем да ја додадете во некое јадење кое вам ви се допаѓа, затоа што е многу корисна.
Преполна е со антиоксиданси кои ги отстранува од вашето тело, а и со ензими кои им помагаат на органите за варење да работат „како часовник“.
Лук
Лукот е преполн со сумпур а има и антибиотски својства, па би требало да се конзумира секојдневно.
Цвекло
Цвеклото може да се додаде во многу јадења, а може да се јаде и сурово. Богато е со бетаин и пектин, кои го штитат црниот дроб и органите за варење.
