Пиперките изобилуваат со лековити својства!

Објавено на 27 јуни, 2013 во 08:45

Сезона е за пиперките. Тие по цена се ефтини, но изобилуваат со лековити својства. Нејзе и се препишуваат одлични лековити својства против воспаление на кожата, против артеросклерозата, опаѓање на косата, треска, го подобрува апетитот, лекува мамурлук, делува против ширење на капиларите.

Плодовите од пиперката можат да се користат свежи или приготвени на разни начини. Педесетина сорти егзистираат во светот и сите се разликуваат по присуството на витамин Ц.

Пиперката е уште богата и со витамини Б1, Б2, провитамин А. Концентрацијата на витаминот Ц е двапати поголема во однос на лимонот и портокалот. Во пиперката има и јаглехидрати, белковини и минерали (калциум, фосфор, железо и калиуим). Заради сите овие витамини и минерали се смета и за храна и за лек.

Лутата пиперка  ја подобрува циркулацијата (што е особено важно за зимскиот период од годината) и го намалува ризикот од срцеви заболувања, а помага и при растопувањето на масните наслаги во крвните садови. Лутата пиперка им се препорачува на сите луѓе во нормална количина, бидејќи може да биде само од корист. Меѓу народот се смета дека пиперките ја јакнат и потенцијата кај мажите, а во последните медицински испитувања докажано е дека оние лица кои јадат повеќе луто, имаат помали шанси да добијат болести на простата.

Ретко кој не ја конзумира, но сите овие својства сега ќе ве натераат што повеќе да ја имате во вашата исхрана.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.