Како да ги исчистите белите дробови за три дена?
Многу луѓе никогаш не палат цигара но пак имаат проблеми со градите, додека други пушат по 45 години, а белите дробови сеуште добро им функционираат…
Се зависи индивидуално, од личноста, а ние во продолжение ви носиме неколку совети со чија помош можете да си ги прочистите градите за три дена.
Два дена пред да го започнете процесот на детоксикација треба да ги елиминирате сите млечни производи од употреба. Тие можат да го попречуваат процесот бидејќи полека се пробиваат во телото.
– Пијте една шоља растителен чај пред да одите во кревет вечерта пред првиот ден на режимот. Тоа ги ослободува токсините во цревата кои можат да предизвикаат затвор.
– Исцедете два цели лимони во 300 мл вода пред појадок. Тоа ќе ве подготви за преработка на производите кои помагаат во регенерација на белите дробови.
– Пијте 300 мл сок од грејпфрут.Ако не ви се допаѓа вкусот на сокот измешајте го со шише минерална вода или заменете го со сок од ананас. Овие сокови содржат природни антиоксиданси кои го подобруваат здравиот систем за дишење.
– Пијте 300 мл чист сок од морков помеѓу појадокот и ручекот. Сокот од морков ќе ви помогне да ја алкализирате крвтаза време ан трите дена на чистење.
– Морате да пиете 400 мл сок богат со калиум со ручекот. Калиумот е моќен агенс кој делува како тоник за чистење.
– Пред спиење направете 400 мл сок од брусница. Таа помага во борбата против бактериите во белите дробови кои можат да предизвикаат инфекции.
– Топла купка од 20 минути секој ден ќе овозможи на телото низ пот да изгуби што е можно повеќе токсини.