Исхрана за крвна група “Б”!
Лицата кои ја имаат крвната група Б имаат многу добар систем за варење и еднакво можат да толерираат бројни видови на храна, секако со некои изузетци. Сепак нив им се препорачува да избегнуваат пченка, хељда, леќа, кикирики и сусам зашто од нив ќе се дебелеат. Лицата од оваа крвна група се емотивно посложени од останатите граѓани. За нив може да се каже дека се слободоумни, субјективни, оригинални, отпорни и силни организатори а не им недостига и креативност.
Склоност кон болести на крвната група “Б”
Лицата од оваа крвна група имаат неуреден сон и можат да делуваат помалку и мрзеливо, бидејќи често страдаат од хроничен замор летаргија. За синдромот на хроничен замор им се препорачува дополнително да земаат магензиум. Тие се склони и на ревматски артритис и лупус. Можат да страдаат и од дебелеење, дијабетес тип I, висок притисок, синусни инфекции и хипотиреодизам.
Имаат мал ризик од рак на штитната жлезда, белите дробови и јајниците а најголем ризик од рак на коските, црниот дроб, жолчниот меур и грлото на матката. Важно е да се напомене дека крвната група “Б” нема одбрана против Escherichiа coli бидејќи многу облици на оваа бактерија се имунолошки слични на антигенот B2.
Знаци на токсичност на крвната група “Б”
-чувствителност на светло и мириси, цистични дојки, надуеност, недостаток на либидо, лоша циркулација, ладни раце и нозе, хемороиди,в оспаление на вените, замор.
Совети за крвната група “Б”
Техниката на визуелизација е многу корисна за оваа крвна група како и медитацијата, спиење најмалку 8 часа, намалено внесување на јаглени хидрати а при чувство на замор да се внесуваат повеќе белковини.
Правилната исхрана помага на здравјето затоа треба да консумирате: месо и живина.
Многу добри производи: јагнешко, месо од коза, овчко, дивеч и зајак. Неутрални производи: бизон, фазан, говедско, дроб, мисирка, телешко. Избегнувајте: месо од кокошка, еребица, пилешко, патка.
Риби и морски плодови: кавала, сардела, шкампи, кавијар, лосос, скуша ,штука.
Млечни производи и јајца: Можете да внесувате повеќето од млечните производи но внимавајте доколку сте чувствителни на синуси бидејќи тие го поттикнуваат создавањето на слузта. Многу добри производи: фармер сирење, кефир, козјо сирење, млеко, моцарела, рикота сирење, фета и јогурт.Неутрална храна: ајдамер сирење, ементалер, гауда сирење, кокошкини јајца, маслац, пармезан.
Мешунки :
Многу добри производи: бубрежен грав. Неутрални производи: бел грав и црвен грав. Избегнувајте ги леќа, наут, соини трошки, соини снегулки, соино сирење и млеко од соја.
Костенливо овошје и семки : бадеми, ленено семе, орев и костен. Избегнувајте: фстаци, семки, кикирики, афион, сончоглед.
Житарки и скроб – Многу добри производи : есенски леб, ориз, брашно од ориз, јачмен, јачменово брашно, просо и пуканки. Неутрални производи: леб без глутеин, млеко од ориз, пченични никулци. Избегнувајте: пченица, ржено брашно, артичока, глутенско брашно, пченични никулци.
Зеленчук – Многу добри производи: брокула, ѓумбир, печурка шитаке ,кељ, компир, морков, репка, ротквици, зелка, пиперки, шпаргла, спанаќ и тиквички. Неутрални производи: бамја, блитва, целер, печурки буковки, копар, краставици, кисела зелка, спанаќ и тиквички. Избегнувајте: црни маслинки, артичока, алое и зелени маслинки.
Овошје и овошни сокови – Многу добри: ананас, папаја, лубеница, брусница и слива. Неутрални: боровница, праска, диња, јаболки, јагоди, киви, лимон, смокви, рибизла, нектарина, суви сливи и цреши. Избегнувајте: кокос, шипка и авокадо.
Масла: Многу добро е маслиновото масло. Неутрални производи: бадемово масло, ленено и масло од пченични никулци. Избегнувајте сончогледово и соино масло.
Пијалак: Многу добар е зелениот чај. Неутрални производи се кафето, црното и белото вино. Избегнувајте: минерална вода, слатки газирани пијалаци, пиво и жестоки пијалаци.
