Природни лекови за дијабетес

Објавено на 1 август, 2014 во 06:10

Дијабетес е хронично заболување кое настанува поради недостигот на инсулин во организмот. Најчести симптоми на дијабетес се сувата уста, општата слабост на организмот, брзото заморување и намалување на телесната тежина.

Поред тоа што глуварчето е корисен природен лек за заболувања на џигерот и жолчката, ова лековито растение е добро природно средство за регулирање на нивото на шеќерот во крвта. За лекувањето на дијабетес потребно е во текот на пролета, сето време дури глуварчето цути, секој ден да се изеде околу 10 стебленца од глуварчето. При тоа билката претходно треба да се измие и потоа се отстрануваат цветовите. Стебленцата добро и полека треба да ги џвакате па потоа га ги голтнете.

Потврдено е дека зачинот цимет ја зголемува активноста на инсулинот, така да една лажица цимет во текот на денот може да го намали нивото на шеќер во крвта. Освен тоа циметот го намалува нивото на лошиот холестерол и триглицеридите во крвта.

Пченката, овесот или зобта ја чистат крвта, крвните садови и помагаат во лекувањето на шеќерната болест.

Магдоносот од секогаш се употребувал за лекување и превенција на шеќерната болест (дијабетес) и тоа така да свежите листови од магдонос треба да се исечат, коренот на ова билка ситно да се изренда, па се да се измеша со една шолја кисело млеко или јогурт. Се пие секоја вечер пред заминување на спиење.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.