Состојка што ги топи масните наслаги
Зачин кој секојдневно се наоѓа во нашата исхрана, за разлика од останатите ароматични додатоци навистина топи маснотии. Вклучете го секојдневно во вашите јадења и кренете во борба против масните наслаги.
Бибер има улога во подобрување на работата на дигестивниот систем, поттикнување на лачењето на дигестивните ензими и гастричен соко и забрзување на текот на храната низ дигестивниот систем.
Тој е одличен антиоксиданс и делува добро против внатрешни воспаленија што е една од најбитните карактеристиките за биберот. Го држи холестеролот под контрола и ги уништува мастите. Биберот го зголемува производството на хлороводородна киселина во желудникот која е одговорна за распаѓањето на мастите, и делува против надуеност , гасови и други стомачни проблеми.
Совет:
1.За максимално да ги искористите придобивките од биберот купете цели зрна, а потоа сомелете ги и ставете ги во вашето јадење.
2. Освен во јадењата биберот можете да го додадете во здрави пијалоци, зеленчук или овошје. Доволно се само неколку зрнца за вашиот метаболизам да работи подобро и да ги разградува маснотиите.
