Не јадете замрзната храна

Објавено на 28 август, 2014 во 08:14

Замрзната пица
Во овој производ има многу прехранбени адитиви и други несакани состојки. Ако не можете да месите тесто дома подобро одете во пицерија.

Замрзнат чизбургер
Оваа храна содржи до 500 калории и повеќе од 15 грама генерално најевтини и најнездрави масти. Влакна речиси и да нема а има многу натриум.

Замрзнати јадења со тестенини
Разни видови на тестенини кои ги има во полу готови производи најчесто ги прават со траансмасти кои се опасни за циркулацијата. Содржат и многу адитиви и натриум.

Замрзнати стапчиња -крокети со морска храна или пилешко
Во оваа храна има малку месо, но затоа содржи голема количина на трансмасти . Замрзнато пилешко содржи два до три пати повеќе масти отколку обичниотчизбургер , а покрај натриум има и вештачки ароми.

Замрзнат помфрит
И обичниот помфрит не е здрав па може да замислите што претставува замрзнатиот. Со сите околности како што се големи количини на масти тој е замрзнат во пластични кеси. Одредени хемикалии кои ги има во пластиката може да го зголемат ризикот од рак .

Замрзнати полу-готови торти и колачи
Колачи кои се подготвуваат за една минута не се добри за здравјето. најдобри се свежи колачи каде ќе знаете кои состојки ги содржи без трнасмасти, многу шеќер и адитиви.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.