Не пијте газирани пијалоци
Секоја година Американците во просек пијат по 45 литри газиран сок. Но, популарноста на газираните напитоци не е проблем само во САД, а докторите не се загрижени само поради здебелувањето кое е поврзано со нив. Што друго ги загрижува?
Газираните пијалоци поттикнуваат таложење на скриено сало во органите
Истражувачите од Данска откриле дека пиењето на газирани пијалоци го зголемува количеството на маст во органите. Поединците кои пијат газирани сокови имале драматичен пораст на штетните скриени масти. Покрај тоа, нивото на холестерол исто така им се зголемило за 11 отсто во однос на оние кои не пиеле газирани пијалоци, бидејќи истите содржат засладувачи и вештачки бои. Не треба да се заборави и дека оние кои пијат газирани сокови имаат многу поголем ризик за заболување од дијабетес.
Содржат некои материи чија крајна цел е многу бизарна
Хемикалиите кои се користат при изработката на текстил, односно за премачкување на различните производи за да бидат огноотпорни, можат да се најдат и во некои од газираните напитоци во облик на бромирано билно масло. Нивната улога во сокот е да се спречи вештачката арома да се одвои од остатокот на течноста. На етикетата се наведува како “БВО“, но оваа состојка може да предизвика труење кое може да доведе и до губиток на помнењето, нервни пореметувања и оштетувања на кожата.
Премногу сода може да ве претвори во експериментален зајак
Високофруктуозниот пченкарен сируп се користи за засладување на многу газирани пијалоци. Оваа штетна вештачка состојка се добива ГМ пченка. Со оглед на тоа дека се користи помалку од 100 години не се знае кои се последиците врз луѓето. Новите истражувања сугерираат дека може да предизвика брзо стареење, како и неплодност.
Предизвикува губиток на коскеното ткиво и појава на кариес
Анализата на резултатите од околу 90 студии покажува дека често конзумирање на газирани сокови предизвикува слабо конзумирање на млеко. Интересно е дека во 50 години, на една шолја газиран пијалак, се конзумирало три шолји млеко. Денеска е сосема спротивното. Премногу газирани пијалоци не се добри ниту за забите. Високата концентрација на гликоза, фруктоза, сахароза и други шеќери, предизвикуваат забен кариес.
Накратко, пиењето на газираните пијалоци и сите сокови кои содржат високо ниво на шеќер, се многу опасни за вашето здравје!
