Како да го убиете гладот
Ако често сте гладни и притоа чувствувате нервоза се додека не изедете нешто, можеби е време да ја смените исхраната, препорачуваат нутриционистите. Ако го храните телото со шеќери односно со прости јаглени хидрати, постојано ќе бидете гладни и нема да имате енергија и самоконтрола.
Студија објавена во магазинот ’Proceedings of the National Academy of Scinese’ ги поврзува гладта и агресивноста меѓу сопружниците, особено во моменти кога нивото на шеќер во крвта е премногу ниско. За среќа овие ефекти, се наведува во студијата, може да се спречат со правилен избор на намирници во текот на денот. Во продолжените се неколку комбинации што може да ги јадете за ужина, а што ги препорачуваат нутриционистите:
-Праски и фстаци
-Јаболки и бадеми
-Банани и ореви
-Домати и урда или младо сирење
Важно е да не чекате сосема да огладнете пред да ги земете како ужина. Кога ќе дојде време за поголем оброк ќе се контролирате и нема да се прејадете. Оброкот треба да содржи протеини, интегрални житарки и разнобоен зеленчук со прелив од здрави маснотии. Со таквата исхрана, енергијата и витамините полека стигнуваат до организмот.
Ако оброкот не е избалансиран нивото на енергија брзо расте, но и брзо се намалува.
