Шафранот, најскапиот зачин на светот
Виолетов цвет со прекрасен мирис и декорација на почвата. Вака изгледа шафранот кога цвета од крајот на септември до почетокот на декември.
Но, тука само започнува приказната, која продолжува за неговото значење. Тој е најскапиот зачин во светот. Неговата цена е астрономска и се движи до 30.000 евра за килограм. Најдобриот шафран се произведува во областа Гатине, на југоисток од Париз, а го има и во француската област Аквитанија, во шпанската Ла Манча, во Пакистан, Грција, Иран, Мароко. Уште во античките времиња се користел како колорант зашто има неверојатна способност да обои 100.000 пати повеќе од својот волумен. Важи за лек што помага при варењето, но најважно е што има посебен, извонреден вкус, па на јадењата им дава посебност како ниеден друг зачин.
Шафранот е познат од дамнина, а почнал да се одгледува уште во 7. век во Кина. Во Европа шафранот стигнал преку Шпанија во 10. век, а го донеле Арапите.
Здравствените придобивки од шафранот:
Здрав мозок – Шафранот содржи соединение наречено crocin, за кој се верува дека е соединение одговорно за неговите мозочни бенефиции. Шафранот може да помогне при учење, помнење, и капацитетот за отповикување.
Депресија – Шафранот покажува резултати при лекување на депресија. Истражувањето објавено во списанието Phytotherapy Research покажува дека шафранот е поефикасен од плацебо при третирање од блага до умерена депресија. Друга студjа објавена во списанието BMC Complementary and Alternative Medicine, покажува дека шафранот е толку ефикасен како и лековите за депресија.
Имунолошки засилувач – Шафранот е одличен извор на витамин C и витамин B6, од кои и двата се од суштинско значење за здрав имунолошки систем. “Витаминот C е борец против инфекции; железото ја прочистува крвта; а содржината на витамин B6 помага при формирање на црвени крвни клетки и уверува дека нервите ќе функционираат како што треба”, вели д-р Џозеф Меркола.
Предменструален синдром – Шафранот може да помогне во олеснување на симптомите на ПМС. Една студија од британскиот весник the British Journal of Obstetrics and Gynecology покажа дека оние кои земале шафран екстракти имаа значително намалување на ПМС симптомите во споредба со оние кои земале плацебо.
Губење на тежина – Шафранот е корисен во губење на тежината, бидејќи тој има способноста да го потисне апетитот и да ја намали желбата за јадење. Тој помага при зголемување на нивото на хормонот серотонин во мозокот, што помага да се спречи прејадување. Една мала студија објавена во списанието Nutrition Research покажува дека шафранот има способност за контрола на компулсивно јадење. Студијата покажа дека оние кои додаваат шафран во нивната исхрана имале намалување на бројот на оброци.
1 кг шафран поскап од 1 кг суво злато – Цената на светскиот пазар варира од година во година, а моменталната цена е 20.000 евра за прва класа и 16.000 евра за втора класа за еден килограм шафран. Во некои години цената за прва класа достигнува и до 30.000 евра за еден килограм и е единствен земјоделски производ од којшто еден килограм е поскап од еден килограм суво злато. Причина за високата цена на шафранот е континуираниот недостиг од него на светскиот пазар. Главен производител во светот со над 90% е Иран.
Два грама шафран содржат:
7 калории
1,616 мг витамин Ц,
0,54 мкг витамин А,
0,02 мг витамин Б6,
1,86 мкг витамин
Б9, 5,28 мг магнезиум
5,04 мг фосфор
2,22 мг калциум
0,56 мг манган
0,22 мг железо
0,12 мг селен
0,02 мг цинк
