Цреши наместо аспирин?

Објавено на 28 октомври, 2014 во 08:58

Црешите се овошје кое се карактеризира со многу ниска калорична вредност, но од друга страна изоболува со витамини, минерали и хранливи материи, како и голема количина на вода и шеќер.

Од витамините најзастапен е витаминот Б комплекс, витаминот Ц и бета каротинот додека од минералите присутен е калиумот, како и бакарот, железото и магнезиумот.

Ова овошје има изразено освежувачко, диуретичко, антиреуматско и смирувачко дејство, но исто така помага во чистење на организмот од разни токсини, го зајакнува имунитетот и делува анти-инфективно. Црешите се извор и на органски јод, елемент кој е неопходен за совршено функционирање на тироидната жлезда.

Црешите помагаат за намалување на воспаленијата во организмот. Антоцианинот и биофлавоноидите имаат слична дејност како аспиринот и ибупрофената.

Црешите можат да ја олеснат главоболката, да помогнат во избегнување на предвременото стареење.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.