Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

 ликовна колонија во услови на пандемија во неготинскиот музеј

14.11.2020

Деновиве се одржува несекојдневна ликовна изложба во Музејојт на Град Неготино. И во услови на пандемија, во кои се наоѓаме, културата наоѓа начини како да допре до нејзините вљубеници.

Станува збор за традиционалната ликовна колонија – 2020 која се одржува секоја година во неготинскиот музеј.

Во изложбениот салон на општинската установа Музеј на град Неготино поставени се 32 ликовни дела кои се создадени од ликовни уметници од регионот на Неготино и Кавадарци.

Заради пандемијата со Ковид – 19, оваа година ликовната колонија се одвива на малку поинаков начин.

Имено, граѓаните може да бидат дел и да ја посетат ликовната изложба секој ден во текот на работното време на музејот, секако почитувајќи ги здравствените мерки за заштита од Ковид – 19, информира директорката на Музејот на град Неготино Драгица Чекоровска.

 

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново