Нема кино во Велес, млади гледаа филм на плоштад

Објавено на 30 јуни, 2016 во 17:15

Членовите од Медиа Арт клубот при Младинскиот образовен форум на Велес на плоштадот „С’рмаале“ подготвија урбано кино на отворено. По низа предавања од уличната уметност и стекнување на вештини за цртање изработија сопствен арт телевизор на кој го проектираа документарениот филм со наслов „Banksy vs Robbo & The Graffiti War“. Овие млади ентузијасти ја разбираат потребата на нивните врсници и на сите млади во градот за кино сала.

„Киното е објект кој служи за културен развиток на граѓаните, дружба, забава како и план за петочна ноќ на младите. Градот Велес со години нема кино. Самото тоа го гледаме како неуспех на надлежните поради тоа што и покрај многуте иницијативи за обнова на киното, очигледно надлежните не обрнуваат внимание на желбите на граѓаните на градот, изјави Илина Димовска координатор на настанот.

„Настанот кој се одржи е настан со кој имавме за цел да ја подигнеме свеста на граѓаните за тоа зошто ни треба кино. Седнавме на С’рмаале, наместивме платно и проектиравме филм. Сметаме дека граѓаните ја сфатија нашата порака- немамеве услови за да изгледаме еден филм, а дружбата меѓу нас младите и интересот за филмот беше очигледна, изјави Стефан Каракачанов координатор на настанот.

Велес одамна нема кино а граѓаните многу често за да гледаат филмски проекции одат во Скопје или во Кавадарци./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.