Тројца малолетници, од кој еден го возел автомобилот, повредени во сообраќајка на патот Бузалково – Раштани

Објавено на 18 јули, 2025 во 16:43

Сообраќајната незгода се случила завчера вечер, околу 21:40 часот nа ул.„Раштански пат“ во правец од село Бузалково кон село Раштани, велешко. Тогаш патничкото возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од село Бузалково, излетало надвор од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од село Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од село Бузалково. Повредите на малолетниците биле констатирани во Општата болница Велес, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Оттаму додаваат дека на местото на незгодата извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Според портпаролот на Општа болница Велес, д-р Ванчо Граматов, по укажаната медицинска помош, извршените прегледи и снимања, двајца од малолетниците веднаш, во средата вечерта, биле пуштени дома. Третото малолетно лице преноќило на Хирушкото одделение и било под лекарски надзор се до вчера претпладне кога било пуштено на домашно лекување.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.