Организиран дочек на Новата Година на плоштадот во Кавадарци
Кавадарци интензивно се подготвува за дочекот на најлудата ноќ во годината. Од општината најавуваат дека ќе биде организиран дочек на градскиот плоштад. Се најавува богата музичка програма од кавадаречки бендови.
„Акустико лајт и M.A.D M8ts ќе бидат задолжени за создавање на одлична атмосфера за новогодишната ноќ. Исто така е предвидена и новогодишна куќарка во која локален ресторан ќе нуди греани вино и ракија, како и закуска со симболични цени. Како и секогаш, точно на полноќ ќе бидеме сведоци на спектакуларен огномет“ информираат од општината.
Од буџетот на Општина Кавадарци за организирање на дочекот на новогодишната вечер се одвоени 300 000 денари.
Од денес започна и новогодишното украсување на градот кое е предвидено целосно да заврши до крајот на оваа недела, за таа намена издвоени се средства во висина од 1 500 000 денари.
Последната недела од оваа година Градоначалникот Митко Јанчев ќе подели новогодишни пакетчиња во сите училишта во Општина Кавадарци, во градинките и на социјално загрозените семејства, ќе се поделат околу 4000 новогодишни пакетчиња./A.Д