Во Тиквешијата се е подготвено за утрешното гласање

Објавено на 20 април, 2019 во 11:35

kavadarci sredena 114083Без проблеми се одвиваат подготовките за утрешното гласање на шестите по ред претседателски избори. Според информациите што денеска ги добивме од претседателите на ОИК во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, денеска е распределен избирачкиот материјал по гласачките места.

Во Кавадарци право на глас имаат 32.109 граѓани. Ќе се гласа на 59 избирачки места. Денеска имаа можност да гласаат 55 болни и немоќни лица – потврди за КТВ, претседателот на ОИК Кавадарци, Зоран Костов.

15805 граѓани со право на глас утре имаат можност да гласаат за претседател на државата во Неготино. Во 7 часот наутро ќе бидат отворени 28 избирачки места, а денеска право на глас можат да остварат 44 болни и немоќни лица.

Во Росоман денеска можеа да гласаат 13 лица. Во избирачкиот список се запишани 3358 граѓани со право на глас, а ќе се гласа на 10 избирачки места – информира претседателот на ОИК, Лазар Симоновиќ.

Единаесет избирачки места ќе бидат отворени во Демир Капија, а право на глас имаат 3331 лице. За денес да гласаат биле пријавени 33 болни и немоќни, од нив пет мина не гласале, рече претседателката на ОИК Стојна Топчиева./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.