Нов случај на Ковид 19 во Кавадарци

Објавено на 23 април, 2020 во 10:37

42547877 2266394970251218 5420250290920095744 o

23.04.2020

Во Кавадарци синоќа е регистриран петиот случај на позитивен од Ковид 19. Информацијата ја потврдија од ЈЗУ Општа болница Кавадарци и Центарот за јавно здравје. 

Станува збор за доктор од центарот за јавно здравје кој бил без никакви симптоми на болеста, а веднаш по добиениот резултат бил контактиран  инфектологот од кавадаречката болница.

„Утврдено е дека пациентот во овој момент нема никакви симптоми на болеста и се чувствува добро. Поради тоа, кај истиот е даден совет за домашно лекување во траење од 14 дена , со назнака да биде во секојдневен контакт со матичниот лекар и за било каква промена да се консултира инфектолог.   Во ЦЈЗ Кавадарци извршена е епидемиолошка анкета за лицето, контактите се веќе утврдени и истите по протокол се упатени во домашна самоизолација, во траење од 14 дена.   Ја користам приликата да ја информирам јавноста дека пристигнаа резултатите од земените брисеви на контактите од претходниот позитивен случај и истите се негативни“ информира директорот на болницата  д-р Диме Коцев./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.