Се запали оџак од куќа во центарот на Кавадарци, успешно изгаснат огнот, без поголеми штети
Објавено на 27 ноември, 2020 во 09:05
27.11.2020
Се запали оџак од куќа синоќа во центарот на Кавадарци, но пожарникарите спречија огнот да не предизвика поголеми штети, со оглед на опасноста од ширење на пожарот.
– Работата беше сериозна бидејќи пожарот имаше зафатено и дрвени греди од кровот на куќата, поради неправилно изведен оџак. На лице место бевме тројца пожарникари со две противпожарни возила. Не дозволивме огнот да направи штети врз куќата и да се прошири на другите куќи лепенки, изјавија утринава за МИА од Територијалната противпожарна единица – Кавадарци.
Пожарникарите останале подолго време на терен, за да бидат сигурни дека огнот е целосно изгаснат.
Мите Јаначков