Нова помош од Воената академија и од АРМ за Дневниот центар „Порака“ во Неготино
Питомците и студентите од Воената академија донирале пластични шишиња на корисниците на Дневниот центар „Порака“ што тие ќе ги подготват за рециклажа и ќе ги продадат.
Ова е само една од повеќето помошти што корисниците на Дневниот центар ја добиваат од Воената академија и од АРМ, како донација за време на одржувањето на летниот камп 2017 во Пепелиште каде учествуваат претставници на 12 земји, соопшти раководителот на центарот Валентина Тасева. Корисниците на Дневниот центар го посетиле Летниот камп во Пепелиште.
Инаку, Дневниот центар „Порака“ е сервис за поддршка на лицата со пречки во менталниот развој кои живеат кај своите родители и на лица опфатени со процесот на деинституционализација кои живеат во заедници организирани од Службата за домување во Неготино и Демир Капија. Услугите на овој центар засега ги користат околу 50 лица со пречки во менталниот развој./Б.Н.Т