Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

bolnica negotino

03.03.2021

Општина Неготино од вчера е во црвена зона, што според  статистичките податоци на Институтот за јавно здравје значи дека има широка трансмисија на коронавирусот. Тиквешкиот регион во моментов е најголемото жариште во државата.

Состојбата е крајно алармантна и загрижувачка. Здравствениот персонал е преморен и веќе недоволен да им пружи нега на сите пациенти кои секојдневно во се поголем број доаѓаат да побараат помош во нашата установа. Во дневната амбуланта во различни интервали  соодветна терапија примаат над 30 пациенти. Има и лица кои се заразиле по вторпат. Доколку порано целата работа ја вршеше една, сега не се доволни и три медицински сестри, велат од ЈЗУ „Здравствен Дом״ – Неготино.

Доказ за вирулентноста на вирусот е и тоа што од вчерашните направени рапид тестови во нашата установа, 80% покажуваат присуство на вирусот, вели д-р. Билјана Филипова, директорка на ЈЗУ „Здравствен Дом״ – Неготино.

Со надчовечки напори се обидуваме да пружиме нега, но  влеговме во многу критична фаза од пандемијата, голем дел наши здравствени работници се инфицирани со вирусот, па со оглед на тоа, работиме со редуциран персонал. Веќе имаме и критични пациенти кои доаѓаат предоцна, па така се случува во само еден ден да имаме 4-5 пациенти за кои е потребен итен транспорт на клиниките во Скопје.

Молам и апелирам, надлежните да делуваат во рамките на своите овластувања, а граѓаните да ги почитуваат веќе познатите мерки за заштита и секој со свој придонес да учествува во сузбивање на пандемијата. Ќе има време за се. Верувајте, во овој момент состојбата во нашиот град е крајно сериозна, вклучен е црвениот аларм ! – додава таа.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново