Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија на годишно собрание го избра Димче Велев за претседател
Објавено: 5 декември, 2019, во 21:09 часот
Собранието на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ), го одржа редовното годишно собрание, на кое учествуваа и членови на Здружението на граѓани Дијабетес „Шекерче Лолипоп“ од Велес . Собранието ги разгледа и усвои Годишнините извештаи од реализирани активности како и Финансискиот извештај за 2019 година.
Воедно се усвоени генерални вредности за работа во СЗДМ кои преставуваат транспарентно и отчетно, емпатичко и солидарно делување за поквалитетен живот на лицата со дијабетес.
СЗДМ не ја прифаќа ароганцијата кон Дијабетесот, затоа неазвисно и непристрасно делува за унапредување на квалитетот на животот на дијабетичарите.

На годишното собрание, за нов претседател на СЗДМ беше избран Димче Велев и беа утврдени главните програмски насоки како што се едукација и мотивација за превенција од дијабетес, за унапредување на здравствените сервиси, пред се за децата и младите, за менаџирање со дијабетесот итн.
Програмските насоки членовите на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија ги донесоа во очекување да биде усвоена Националната Програма за дијабетес на РСМ за 2020- 2030 цел да се вклучат сите релевантни страни кои се стремат кон намалување на инвазивноста на дијабетесот./У.Ј


