Попоски: Ладно утро и минусни температури на повеќе места во државата

Објавено: 12 декември, 2025, во 09:29 часот

Денешното утро во Македонија ни донесе ведро и ладно време со температури кои на повеќе места се спиштија под нулата, известува Метео Аларм. Претжно беше тивко и без некој изразен ветер а во дел од котлините и понатаму беше магливо и со ниска облачност, објаснува метеорологот Славчо Попоски.

На табелата можете да ги видите денешните минимални температури измерени по градови и места во Македонија до 7 часот утрово и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку, Попоски додава дека влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла  и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд.

-Сепак, температурите викендов ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие  и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември, додава Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.