Велешани на пазар секој работен ден, но не и во викенд, дежурни аптеки ќе има како и маркети за онлајн продажба во градот
8.04.2020
Со цел да се намали метежот на централниот Градски пазар во Велес и граѓаните на време да ги набавуваат потребите од зеленчук, овошје и други производи се воведува секојдневна работа од 7 до 14 часот. Пазарење нема да има во викендите, во сабота и недела, поради полицискиот час што ќе трае овој викенд постојано и дење и ноќе. Освен оваа, Општинскиот кризен штаб донесе мерки според кои ќе има и дежурни аптеки како и маркети што ќе работат онлајн.
Приватната здравствена установа „Жи – Ва“ во времетраење на заострените мерки на 8 април 2020 година за заштита и спречување на ширење на CVOID-19, воведе воонредно работно време на аптеките ,со цел олеснување на набавката на лекови, помагала за пациентите со акутни и хронични терапии.
Работно време од 9 април 2020 година во работни денови, понеделник до петок на подружници:
„Жива Фарм” 1, ул. „Б. Трајковски” 3/1 (Бауман споменикот) од 07:00 до 15:00
„Жива Фарм” 2 ул. „Маршал Тито” бб (до Стопанска банка) од 07:00 до 15:00
„Жива Фарм” 3 ул. „Благој Ѓорев” 37 (спроти Театарот) од 07:00 до 15:00
„Жива Фарм” 4 ул. „Благој Ѓорев” 93 (пред Хигиенски завод) од 07:00 до 15:00
„Жива Фарм” 5 ул. „Шефки Сали” 1 (пред Уред) од 07:00 до 15:00
Работно време од 9 април 2020 година во работни денови, понеделник до петок на подружници:
„Жива Фарм” 1 ул. „Б.Трајковски” 3/1 (Бауман споменикот) од 15:00 до 20:00 часот
Аптеката ќе ги услужува пациенти во аптека, ќе прима порачка по телефон и подигнување на подготвена нарачка како и порачка по телефон и достава по дежурна такси служба
Граѓаните ќе контактираат со аптекарите на телефон 078 409 771 и 043 235 121
Работно време од 9 април 2020 година во викенд, сабота и недела:
„Жива Фарм” 1 ул. „Б.Трајковски” 3/1 (Бауман споменикот) од 07:00 до 15:00
Аптеката ќе ги услужува пациентите, ќе прима порачки по телефон и подигнување на подготвена нарачка, како и порачка по телефон и достава по дежурна такси служба
Граѓаните ќе контактираат со аптекарите на телефон 078 409 771 и 043 235 121
Исто така аптеките на „Зегин“ работат двосменски и во времетраење на полцискиот час за да се задоволи вообичаената или пак итна потребата на велешани од лекови.
Како и во останатите градови така и во Велес ќе има маркети што ќе работат викендов кога ќе стапи во сила деноноќната изолација или полицискиот час. Онлајн ќе може да се пазарува од маркетите на „Жито“ во Велес./У.Ј