Двајца новозаболени и двајца оздравени велешани

Објавено на 26 јуни, 2020 во 16:06

Veles panorami

26.06.2020

Двајца новозаболени граѓани на Велес во изминатите 24 часа регистрира Министерството за здравство додека во регионот има нозаболени тројца во Кавадарци и четворица во Свети Николе. Во изминатото денонокие се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во државата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти. Меѓу нив двајца се од Велес.

Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.