Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

UpravaRK Borec fin

Извршниот Директор на ГРК „Борец“, Ристо Велковски заедно со осуммината неизвршни директори Петре Климкаров, Тодор Тутарков, Тоше Киров, Томе Бабунски, Златко Гуцев, Даниел Ристовски, Стојан Мирчев и Маријан Неделковски поднесоа колективна неотповиклива оставка. Оставката е поднесена во архивата основачот на овој ракометен клуб, општина Велес , на 13 август и до вчера 4 септември нема одговор. Велковски на прес конференција ги повтори причините кои ја поттикнаа управата на клубот да го превземе овој чекор и се исклучиво од финансиска природа поточно неможност градскиот ракометен клуб да опстане со месечната дотација во висина од 125 илјади денари од буџетот на општината.

-Градоначалникот заедно со неговите советници не најдоа време и слух да разговараме и да дојдеме до некакви заклучоци кои ќе гарантираат дека клубот ќе може да функционира. Градоначалникот ме убедуваше дека од овие 125 илјади денари тој не отстапува. За најнормално функционирање, без големи надоместоци на играчите или било кого, на клубот му се потребни 300 илјади денари. Замислете ја разликата од 300 до 125 илјади денари. Бидејќи времето не згази, денеска е 4 септември а првенството започнува на 15 септември, а клубот од 20 остана на 14 играчи што значи дека што значи дека го немаме и потребниот број на играчи. ГРК „Борец“ е единствената екипа што во Супер лигата што се натпреварува само со сопствени грачи, сите се од Велес и тие полека се повлекоа и си ги земаа договорите. Тоа е дело на општината, рече Ристо Велковски.

RKBorecpotpisi fin

Тој соопшти дека во изминатиот период Управниот одбор на клубот максимално ги вложил сите напори да обезбеди спонзорства од фирми но не успеал.

- Некаде бевме достојно примени а некаде третирани како рекетери. Кога отидовме кај еден бизнисмен доживеавме да ни каже дека тој веќе префрлил 20.000 денари на ФК „Борец“ . Во „Маркард“ го испративме комплетниот лански и годинешен финансиски извештај заедно со портфолиото кое ја содржи севкупната историја на ракометниот клуб тешка цели 68 години. Но, од фабриката ни соопштија дека не можат да го финансираат ракометниот клуб, додаде Велковски.

Потенцирајќи дека сите присутни на прес конференцијата се љубители на ракометот, поранешни играчи во клубот и на никој од нив не му е драго ГРК „Борец“ да се симне на едно ниво подолу, да игра на службен терен наместо на вистинскиот, што го заслужува, Велковски соопшти дека клубот во сезоната што следи наместо во Супер лигата ќе се натпреварува во Првата лига.

-Ова во Велес се случува по втор пат. Еднаш му се случи на ЖРК „Борец“, кога за прв пат во градската спортска историја клубот требаше да игра во европските купови дојдоа челници што го растурија. И никој нема објаснување зошто?, потсети Велковски.

RKBorecostavka fin

Тој информираше дека единствено со помош на доброто разбирање на Ракометната Федерација на Македонија клубот ќе може да се натпреварува во Првата лига. Тоа решение е избрано, само поради спасување на клубот од казнените пенали, три години забрана за настап и парична во висина од 150.000 денари.

Во услови кога за прв пат после долго време е покажан интерес од 150 ученици од основните училишта во Велес за тренирање на ракомет во градот од Управата на ГРК „Борец“ повикаа општината да ја прифати колективната оставка и да свика годишно собрание за избор на нов Управен одбор како и за решавање на судбината на ГРК „Борец“ АД Велес./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.