Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Се работи за вкупно 33 луѓе кои се помилувани три недели пред Новогодишните помилувања. Одлуката претседателот ја донел на 9-ти декември, а во службен весник е објавена два дена подоцна, на 11-ти.

Од она што е објавено, еден е целосно ослободен од казната, петмина од одлежување на неиздржаниот дел без разлика колкав е, за условна казна од една година му се заменува затворската на еден затвореник, додека за условна од 3 години на седуммина. Делумно се ослободени, односно казната им е скратена за 6 до 3 месеци на 19 мина.

Со ова бројот на помилувани само во еден месец изнесува 207. Од кабинетот на претседателот за помилувањата кои до сега не беа спомнати во јавност само кусо информираат.

Тие 33 помилувања од 9 ти Декември се поединечни, по молба на осудениците - Кабинет на Претседател на РМ.

Исто како и на помилувањата на затворениците по повод нова година, така и овој пат се објавени само имињата презимињата и местото на живеење на осудените, а не и делата за кои се осудени.

Телма повторно се обиде да го добие целосниот список од кабинетот на Иванов, но не успеа. Од она што може да се најде на интернет доколку се пребаруваат осудениците по нивниот идентитет и местото на живеење се појавуваат неколку имиња и презимиња на осудени во познати случаи.

Таков е примерот со насилникот кој го демолираше кафе барот Голд во Ресен чие што име и презиме и место на живеење се поклопува со она што се нашло на листата помилувани чија затворска казна е заменета со условна.

Уште неколку имиња од овој вид помилувања се идентични на луѓе кои биле вмешани во царинска измама, измама со станови и земјиште.

Интересно е што на оваа листа неколку осуденици чија затворска казна е заменета со условна се наоѓаат и луѓе чии идентитет се совпаѓа со идентитетот на неколкумина обвинети во познатиот процес "Калдрма", за проневера на пари од патарините.

Како паднала одлуката токму за овие луѓе и дали има и дополнителни кои на свое барање добиле помилување од претседателот не се знае.

Сега адвокат а порано директор на управата за санкции и дел од министерството за правда, Виктор Цветковски, вели дека пракса е претседателот да помилува за Нова година и 2-ри август, но и поединечните помилувања се работа на претседателот.

Сепак за да не се остава простор за сомнеж делата мора да се објават.

Годинава најголем е бројот на помилувани во споредба со претходните четири кои можат да се најдат на претседателскиот портал.

Така претседателот лани за Нова година помилувал 24-ца, во 2014-та – 53-ца во 2013,  51затвореник а во 2012, 41затвореник.

Збирот од овие четири години е помал само од помилуваните за оваа година. Со ова се отвори прашањето дали потранспарентно ќе беше со закон за амнестија да се помилуваа дел од затворениците, отколку една комисија да одлучува кој ќе биде ослободен а кој не.

Вчера Телма објави дека осуденици за тешки кривични дела како што се убиство обид за убиство, братоубиство и слично се целосно или делумно ослободени. Според информации од комисијата за помилување тие биле на предлог на затворските установи, комисијата дел прифатила дел отфрлила ама последниот забор го имал Иванов.

Словенечкиот државјанин Дејан Шпеглиќ кој се најде на листата на помилувани го посочуваат како пример кој не бил предложен но сепак добил милост од претседателот.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново