Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zz

02.03.2021

Бугарскиот претседател Румен Радев на средба со шефови на специјалните служби побарал да се преземат мерки за да за заштитат Бугарите во Северна Македонија. Премиерот Зоран Заев порача дека државата секогаш знаела да даде одговор на какви било загрижености и не ни треба испраќање какви било разузнавачки служби.

Ваквиот негов коментар доаѓа откако вчера од Бугарија стигна информација дека бугарскиот претседател Румен Радев на средба со шефови на специјалните служби побарал да се преземат мерки за да за заштитат Бугарите во Северна Македонија.
„Испраќам силна порака до соседна Бугарија. Гледам дека претседателот Радев свикал состанок, да бидеме внимателни затоа што секогаш сме знаеле да дадеме одговор за која било нивна загриженост, како што и тие знаеле да дадат одговор за наша загриженост. Да не потпаѓаме под какви било инсинуации или неточни информации, секој пат можеме да ги провериме. Ние сме земји членки на НАТО, ние сме сојузници, не ни треба испраќање на не знам какви разузнавачки служби да ги утврдат правата на граѓаните. Таман работа, правата на граѓаните се светост во нашата земја, верувам така е и во Бугарија и во цела Европа“, изјави Заев.

Тој, исто така, потсети и дека со Договорот за пријателство и добрососедство двете земји се декларирале за немешање во внатрешните работи на другата земја, но и оти се оди и понатаму – да нема мешање во прашањата за малцинствата.

„Се надевам состанокот на Радев е информативен, на кој сакаат да соберат информации од граѓани кои се со бугарска определба и ќе соберат информации ако некаде некои права не се признаени и не се почитувани затоа што, прво, недозволиво е мешање во туѓа земја, ние тоа сме го декларирале во Договорот за пријателство. И не само тоа, во разговорите одиме и понатаму, немешање во малцинствата затоа што тоа се решава при Советот на Европа, преку судот, и тука се решаваат сите тие права. Но, дефинитивно ниту има потреба ниту треба да дојде до судови или слично затоа што кој било граѓанин ако му е ускратено некое право или во најмала рака не се еднакви нивните права со останатите, како институции стоиме на располагање“, изјави премиерот.

Заев ги отфрли и информациите дека има напад кон македонските Бугари во однос на нивното изјаснување на претстојниот попис. Како што рече, иако во Уставот немаме етничка припадност Бугари, во пописот правото на определба за етничката припадност е отворено и прашањето ќе гласи „На која етничка заедница ѝ припаѓате?“, па секој ќе може слободно да се изјасни.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново