Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Најверојатно ќе се договараат назначувања на функционери од вториот и од третиот ешалон.

По назначување на министрите сега на ред се замениците министри. Има многу комбинации но се претпоставува дека кандидатите на ДУИ ќе станат заменици во министерствата за финансии, можеби за внатрешни работи, за транспорт и врски, образование и одбрана.

На оваа седница најверојатно ќе се избере и нов генерален секретар на Владата и нов директор на владината Службата за општи и заеднички работи.

Некои медиуми шпекулираат дека новите министри ќе донесат и одлука за отстранување на оградата околу зградата на Владата, но многу поеројатно е на дневен ред на седницата да биде и разрешувањето на директорот на Бирото за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков.

Изразено во бројки се шпекулира дека ДУИ и Алијансата ќе имаат четворица или петмина заменици-министри . Тука во второиот и третиот ешалон ќе влезат и другите коалициони партнери како Алијансата на Села, а со два пратеника сега се амбицира и Лиле Поповска на ДОМ. Во игра се и партиите кои не влегоа во парламентот а беа против политиките на режимот на Груевски, во што најмногу предничеше Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново