Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

predrag kon 346685 725x408

02.03.2021

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека не постои алтернатива во борбата со ковид-19, освен воведување на вонредна состојба, иако таквата мерка ќе претставува „економски удар“, но, сепак, најважно е спасување на човечки животи.

– Единствено мерка за целосно спречување на контакти ќе донесе резултат, изјави Кон за РТС.

Тој додаде дека мерките што беа воведени во минатиот викенд, не беа онакви какви што бараше медицинскиот дел од Кризниот штаб.

– Ние баравме се да биде затворено, освен прехранбените објекти, бензинските пумпи и аптеккте. Тоа е потребно за прекинување на ланецот за трансмисија на вирусот, истакна познатиот српски епидемиолог.

Според него, епидемиолошката ситуација во земјата е дополнително влошена и влијае на вакцинацијата.

-На овој начин е загрозена вакцинацијата. Луѓето од црвената зона сега работат и на вакцинација, исцрпеноста е огромна и тоа мора да запре, заклучи Кон.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново