Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

smartfoni fin

Американското бизнис издание „Fortune“, објави топ 5 листа на најдобри паметни телефони за 2018 година. Во неа, очекувано, вклучени се модели од водечките брендови на пазарот.

И така, најдобрите смартфони според „Fortune“ се iPhone XS Max, Google Pixel 3, Huawei Mate 20 Pro, OnePlus 6T и Samsung Galaxy Note9. Многумина можат да ја оспорат оваа листа, но субјективни
оценки се неизбежни кога се зборува за паметни телефони.

Топ 5 на „Fortune“ ја потврдува засега доминацијата на Applе и Samsung, која започна во почетокот на втората деценија на новиот век, за сметка на пионери на смартфон пазарот како Nokia и HTC.

Истовремено присуството на две кинески компании во Топ 5 на најдобрите – Huawei и Oppo – сугерира дека во блиска перспектива сегашните лидери можат да бидат во подредена улога.
iPhone XS Max е пофален поради хардверот и квалитетниот софтвер, кај Google Pixel 3 се истакнува квалитетот на сликите, додека Huawei Mate 20 Pro е оценет како за одлични фотографски
способности, така и за долготрајната автономна работа и технологијата за вештачката интелигенција.

OnePlus 6T спаѓа во престижната листа, заради добрата комбинација на цена и перформанси и исклучително брзиот скенер за отпечаток. Samsung Galaxy Note9 е наведен како најдобар
предводник кај Android паметните телефони.

 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.