Правила за посетуван Инстеграм!
Инстаграм станува се популарна социјална мрежа и ретко кој ја нема оваа позната мобилна апликација. На многумина дури им е позабавна и од Фејсбук. Но, за да имате добар Инстаграм профил кој луѓето ќе сакаат да го следат треба да почитувате неколку правила.
На Инстаграм се промовира уметност, стил на живеење, лични филозофии, ставови и трендови. Заатоа, ставајте само ваши фотографии, а не фотографии направени од други само за да бидете интересни.
Никако немојте да објавувате матна слика, брз разлика на тоа колку ви е драга. Плус тоа, одредени филтри може да ја направат уште поматна.
Едноличноста е здодевна. Постирајте различни фотографии. Никогаш не ставајте две фотографии една по друга со иста тема или од исто место. Фотките нека бидат живописни. Креативноста е многу важна.
Внимавајте на тоновите кои преовладуваат на вашиот профил. Никој не сака да гледа фотки на кои едвај се познаваат боите, а сепак не се црно-бели. Затоа, покажете силни нијанси на вашите фотографии.
Балансирајте со количината на фотографии. Доколку имате многу следбеници една фотографија е малку, но десет фотки на ден се премногу. Оптималната бројка на постирани фотографии на Инстаграм во рок од 24 часа, според експертите е две до три фотографии.
И најважното, споделувајте ги Инстаграм постовите и на други социјални мрежи како би придобиле повеќе следбеници.