Поради асфалтирање ќе биде затворена улицата „Орце Шутев“, општината со апел до велешани да не паркираат возила

Општина Велес ги известува граѓаните дека утре и во четврток, на 15 и 16 ноември, ќе се асфалтира улицата „Орце Шутев“ на потегот од спој со улицата „Јовче Ќучук“ кај мовчето, до спој со улицата „Ѓорѓи Димитров“ на ширинката во должина од околу 250 метри.
-Во текот на овие два дена, тој потег од улицата нема да биде дозволен за сообраќај. Граѓаните се замолуваат да не ги паркираат возила на овој потег за време на изведување на градежните активности, како и на ширинката кај јаворот кај месноста Варналиите, за да се овозможи пристап на градежна механизација со која ќе се изведуваат работите – финишер, ваљаци, камиони за дотур на асфалт и друга градежна механизација, додаваат од Општина Велес.
Исто така, од локалната самоуправа ги замолуваат граѓаните да покажат трпение и разбирање, со цел непречено завршување на планираните работи од страна на изведувачот.
Стефани Манева
