(Фото) Идните модни и декоративни дизајнери ги обликуваа првите креации и парчиња од мебел на проектот „Клуч за сопствен бизнис“

Објавено на 17 ноември, 2023 во 10:29

Средношколци земаа мерки и ги прилагодуваа на нацртана креација на женски и машки модел, на обуката за Моден дизајн. Така се запознаваа со карактеристиките на машко и на женско тело. Според мерките, исто така, ја пресметуваа  потребната метража на ткаенини за нацртаните модели. Мерките ќе се употребат веќе на обуката, наредната недела, кога учесниците во проектот „Клуч за сопствен бизнис“ ќе изработуваат теркови за кроење на модели.

„Во процесот на изработка потоа ќе следи илисување и шиење на првите пробни модели. Средношколците имаа можност да се запознаат и со различните видови на материјали како што се на пример штофови за костуми, свила за кошули, полиестер за фустани,жерсе за панталони и слично.  Значајно е што учесниците во обуката разбраа дека има разлики во начинот на земање на мерките и одредување на видот на ткаенините. Ова е една од двете групи на ученици и јас сум задоволна од сите,поточно од нивната посветеност и ангажираност, рече обучувачката м-р Соња Пљакова.

На обуката за Декоративен дизајн на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ се проектираше ентериер, поточно се учеше како да се нацрта скица за елементи како што се плакари, шкафови, комоди или делови од намештај, делови од кујнски елементи.

„Се совлада преку скица, цртеж, перспективата во сите проекции потоа нејзините составни елементи . Перспективата како наука е дел од нацртна геометрија која преставува предмети и објекти приближно онака како што ги гледаме во просторот. Праткичната вежба понуди решенија за изглед на повеќе парчиња мебел во просторот, рече обучувачката Цветанка Саздова.

Средношколците исто така добија домашни задачи на темите од обуката на кои ќе работат за да разговараат на почетокот на наредната обука што ќе се реализира за седум дена. Обуките се одржуваат во Европска куќа Велес.

Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот кофинансиран е и од Општина Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.