Кавадаречките пензионери од јануари ќе користат бесплатен превоз
Објавено: 22 ноември, 2023, во 13:10 часот
Од јануари, следната година, пензионерите од Кавадарци ќе можат да користат бесплатен превоз во одредени денови, соопштија од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Оваа одлука беше изгласана на 35-тата седница на Советот на Општина Кавадарци по барање на пензионерите. Бесплатниот превоз пензионерите ќе можат да го користат секој вторник, четврток, сабота и недела.
Градоначалникот Митко Јанев појасни дека субвенцијата произлегува од општината, од општинскиот буџет ќе се плати на јавното претпријатие за јавен превоз.
Советниците едногласно ја донесоа оваа одлука.
Дума.мк
