(Видео и фото) ССОУ„Коле Неделковски“ ја стави во функција новата хасап – кујна, учениците ги подготвија првите солени и благи производи
Комплетно опремена по Хасап систем од денеска во употреба е ставена нова кујна во ССОУ „Коле Неделковски“. Кујната е Кабинет за практична работа на околу 100 ученици од четирите класови во исто толку генерации на училиштето. Нејзиното опремување го поддржа Амбасадата на Германија во Македонија преку проект што го аплицираше и го доби ЗГ „Тополка“ од Велес. Проектот е со финансиската поддршка во висина од 11 илјади 540 евра.
Претставници на амбасадата денеска дојдоа во училиштето и ја озваничија работата на резултатите од проектот.
За проектната поддршка се заблагодарија претседателката на ЗГ„Тополка“, Тина Пачукова и професор Горан Богоевски.
Учениците веќе ги подготвија првите количини на храна на новите апарати во кујната. Ги имаат на располагање и сите мали кујнски апарати. Учениците коишто денеска беа во овој Кабинет за практична работа на угостителската струка констатираа дека комплетно опремената кујна ги мотивира теоретските знаења да ги преточат во пракса како и дека со помош на професорите се мотивирани да работат како на традиционални така и на рецепти кои ќе потекнат токму од нив.
Убавка Јаневска