Коки: „Многу жени веруваат дека потковицата им носи среќа,но се додека на ногата не им згази некој коњ“
Објавено: 8 јануари, 2024, во 10:45 часот
Не за секого божиќните празници се време за одмор! Афористичарот Никола Бошковски Коки пишувајќи ги новите шест афоризми покажува дека и работата е составен дел на празнувањето. Афоризмите се наменети за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги:
„-По некое непишано правило и овој Бадник во погачата на владата,парата пак се падна…во тендерите.
-И во љубовта не се може без лицитации,некој секогаш дава повеќе.
-Не е недостојно да бидеш овчар,недостоен е обидот и желбата работодавачот од вас да направи овца.

-Жената стравува од својот маж,само тогаш кога е со друг.
-Јас имам чувства кон својата тешта и особено ја почитувам,ако господ повеќе ја обожува,нека си ја земе.
-Многу жени веруваат дека потковицата им носи среќа,но се додека на ногата не им згази некој коњ.“
Честити Божиќни празници,
Вашиот КОКИ

