Полицијата казни 244 возачи за брзо возење
Објавено на 2 февруари, 2024 во 10:10
Полицијата вчера казни 244 возачи за брзо возење, на територија на цела држава.
Од нив, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Дума.мк