Тешко повреден работник во велешка фирма веднаш транспортиран на скопска Клиника за трауматологија
Со тешки телесни повреди, вчера во 15:30 часот, во ЈЗУ Општа болница Велес, бил донесен педесет и пет годишниот велешанец Г.В. Тој повредите ги здобил при извршување работни задачи во фирма во Велес.
Повредениот работник бил примен на Одделението за хирушки болести каде по укажана лекарска помош и извршени прегледи од страна на специјалисти хирурзи и трауматолози биле назначени повеќе снимања на Одделение за Радиодијагностика.
– Пациентот бил снимен на апарати за утврдување на состојба на повеќе органи и делови од скелетот како што се карлица, лева надколеница, граден кош, бели дробови и друго. По анализа на резултатите од извршените снимања како и укажана дополнителна медицинска помош лекарите од Одделението за хирушки болести одлучиле дека здобиените повреди се специфични и е потребен транспорт на Клиника за трауматологија во Скопје. Пациентот е транспортиран со болничко возило и медицинска екипа на Општа болница Велес до скопската Клиника, соопшти портпаролката Марина Андонова.
Од СВР Велес соопштија дека, вчера, нивна увидна екипа направила увид во фирмата,на местото на коешто се поврдил работникот Г.В.
Убавка Јаневска