(фото и видео) Пешевска: Вицепремиерот Маричиќ и министерот Шаќири утре имаат можност да понудат решение за албанската паралека во Чашка
И денешното утро за родителите на учениците на наставна програма на македонски јазик во ООУ „Тодор Јанев“ започна со блокада на сообраќајот од двете страни на населба Чашка. Родителите поддржани од жители на населбата протестираат против, според нив, обидот на министерството за образование во училиштето да направи раздор помеѓу учениците, наставниците, родителите и жителите на општината со отварање на албанска паралелка во прво оддение во која ученици ќе следат настава на албански јазик.
На прашањето зошто под блокада на сообраќајот во населба Чашка родителите и жителите се преселија на Долги Рид и на патот кон Лисиче и Дреново, претседателката на советот на родители, Цвета Пешевска вели дека тоа е знак на револт по дво месечното игнорирање на нивните барања од страна на министерот за образование Јетон Шаќири и останатите државни институции.
Пешевска вели дека по телефон била исконтактирана од вицепремиерот Бојан Маричиќ кој ги поканил на средба преставници на советот на родители на училиштето ООУ „Тодор Јанев“ Чашка утре, на 7 февруари, во Собранието на Република Макеоднија заедно со градоначалникот Горан Стојановски, министерот Јетон Шаќири како и претставници на државните институции надлежни за реализирање на образовниот процес во државата.
Во зависност од решението што во текот на утрешниот ден ќе го има на средбата во Скопје, Советот на родители ќе одлучи како понатаму ќе течат активностите. Тоа значи доколку се задоволни ќе го прекинат бојкотот на наставата и блокадите на сообраќајот во општината, а доколку не се задоволни ќе продолжат со истите.Независно што утре ќе се одржува средбата во Скопје, граѓаните на Општина Чашка ќе го блокираат сообраќајот во општината.
Проблемот ескалираше на 22 ноември, претходната година, со бојкот на наставата во училиштето но и секојдневни протести на незадоволните родители пред влезната врата на зградата на училиштето во Чашка, за од вчера да се преселат и на Долги рид и патниот правец кон Лисиче и Дреново.
Во ООУ „Тодор Јанев“ учат вкупно 300 ученици, од кои 250 се од македонска националност а останатите 50 од албанска националност. Учениците во прво одделение на албанската паралелка се деца чии родители живеат во околните населени места.
Убавка Јаневска