Маж возел автомобил со 4,03 промили алкохол, откриен во акциска контрола на сообраќајна полиција
Објавено на 7 февруари, 2024 во 08:58
Кај возач од Битола било констатирано присуство на 4.03 промили алкохол во акциски контроли во областа на сообраќајот што вчера ги спроведувало МВР.
Како што соопштија оттаму на територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 биле упатени на технички преглед.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот,“ пишува во соопштението на МВР.
Дума.мк