Промовирана стихозбирката „Патот до божјите очи“ од Оливера Станковска
Во медијатеката на велешката библиотека „Гоце Делчев“ денеска, пред многубројна публика беше промовирана стихозибрката „Патот до божјите очи“ од Оливера Становска. Овој сонетен венец во кој се пее за опозициската релација помеѓу добро и злото, љубота и омразата, светлината и темнината, присуство и отсуство, која постепено преку процесот на осознавање и освестување на човечката душа преминува во единство на суштината.
Ова е трета книга на авторката Станковска за којашто промоторот на книгата, велешанецот Атанар Крлевски рече дека му претставува особена чест што го промовира ова дело кое се карактеризира со специфична стегната форма, со згрната рима и стихови од кои се огледа убавата мисла на трагањето по светлината на светот.
-На патот кон Божите очи, посторат крстосници кон спас или замка и затоа поетесата пее за два лавиринта по кои се движиме, едниот надвор, а другиот во нас самите, а да се минува низ нив за да се стигне до убавината потребно е време, но и молитва како блискост до Бога. Да се биде човечен треба да постои безусловна лубов во нас и во нашите размисли. Токму човечноста е таа, коа не прави да бидеме нешто. Можеби сме создадени од ништо, можеби сме биле ништо, се прашува поетесата. Таа е оптимист кога пее: Не, не е секаде мрак и не е се толку црно и не царува темнина – не гали и светлина, додаде Крлевски.
Професорката по македонски јазик, Соња Карбева пред присутната публика детално го објасни значењето на литературниот вид – сонетен венец.
На самиот крај на промоцијата, авторката Оливера Станковска, рече дека венезот е спретен со чиста емоција и високлици на душата која траѓајќи низ животот се пронајде себеси.
За време на промоцијата беа прочита неколку сонети од страна на Јана Пљакова, Изабела Жабева и Марија Манева, додека со две музички точки настапи Бубе Лазов.
Стефани Манева